сабота, 28 јули 2012, 23:24
Евертон и Тотенхем се договорија за Пиенар
Евертон се разбра со тимот на Тотенхем за сума за полудефанзивецот Стивен Пиенар, кој речиси сигурно ќе се врати за постојано кај "сините" од Ливерпул.
"Карамелите" сакаат да го вратат поранешниот играч на "Гудисон парк", откако тој го напушти во насока северен Лондон во јануари 2011 година.
30-годишниот јужноафрикански репрезентативец играше на позајмица во Евертон во вториот дел од минатата сезона, но сега најверојатно ќе помине за постојано во тимот на Дејвид Мојс.
Ако потпише со Евертон, тој ќе биде второто ново засилување на Дејвид Мојс по Стивен Нејсмит.
Објавено на 29.07.2012, од kristo
ako ve interesirat
Playing position Winger / Attacking midfielder