Rss feed

Спорт

петок, 03 февруари 2012, 20:00

Жозе Мурињо сепак во Челзи?

Жозе Мурињо сепак во Челзи?
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо може да направи изненадување со враќање во тимот на Челзи, информира "Сан". Според изданието, Специјалниот ќе го напушти Реал Мадрид до крајот на оваа сезона, за да се врати во Англија, каде ќе го замени својот сонародник - Андре Вила-Боаш.

Португалскиот стручњак, кој освои шест трофеи за три години на "Стемфорд Бриџ", размислува за враќање во својот поранешен тим. Извор близок до Мурињо, изјави: "Жозе би се вратил во Челзи".

Единствениот услов што треба да биде исполнет, за да се појави повторно Специјалниот на "Стемфорд Бриџ" е сопственикот на клубот Роман Абрамович да му даде целосна доверба и да му ја довери сета власт.

"Тој знае дека работите малку се отежнаа таму. Тој, исто така е свесен дека ќе биде тешко да се врати и да го постигне истото што и предходно", изјави изворот на" Сан ", кој појасни дека за да се случи сето тоа, со Роман Абрамович треба да бидат целосно расчистени и разјаснети работите.

"Жозе би рекол:" Роман, ти си сопственикот, а јас сум шефот овде. Да работиме заедно, бидејќи силата е во нашите раце. "За Жозе тоа би било идеално партнерство", изјави изворот.




 

Курсна листа

ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,33 61,63 61,94
CHF 51,06 51,32 51,57
USD 48,10 48,34 48,58
Цела курсна листа

Временска прогноза

вторник

макс: 15º
мин: 7º
ветер: И 11 km/h
влажност: 68%
врнежи: 90%

среда

макс: 22º
мин: 13º
ветер: ИЈИ 14 km/h
влажност: 53%
врнежи: 10%

четврток

макс: 21º
мин: 11º
ветер: ССЗ 13 km/h
влажност: 69%
врнежи: 60%


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.