петок, 03 февруари 2012, 11:46
Нирнберг и Борусија Дортмунд го отвораат 20.коло во Бундес лигата
Со натпреварот вечерва меѓу Нирнберг и Борусија Дортмунд ќе стартува 20.коло од Бундес лигата. Почетокот на дуелот е во 20:30 часот.
Утре на програмата се шест натпревари, а двојките се: Баер Леверкузен – Штутгарт, Шалке – Мајнц, Хофенхајм – Аугсбург, Волфсбург – Борусија Менхегладбах, Херта – Хановер и Хамбургер – Баерн Минхен.
Колото ќе биде комплетирано в недела со натпреварите: Фрајбург – Вердер и Кајзерслаутерн – Келн.
Табела: Баерн Минхен 40 бодови, Борусија Дортмунд 40, Шалке 40, Борусија Менхенгладбах 39, Вердер 31, Баер Леверкузен 30,...