петок, 03 февруари 2012, 11:43
Серија А: Киево подобар од Новара
Екипата на Киево синоќа постигна победа во последниот натпревар од 21.коло на Серија А. На гостувањето кај Новара, Киево славеше со 2:1.
Гостите поведоа со голот на Сеџио Пелисие во 33.минута. На 2:0 зголеми Сирил Теро во 78.минута, а Новара успеа само да го ублажи поразот со голот на Џузепе Маскара во 79.минута.
За Киево ова беше седма победа во првенството и со 27 бодови изби на 10.место, додека Новара остана последна со 12 бодови.
Во ова коло поради лошите временски услови беа одложени четири натпревари.
Фудбал