понеделник, 30 јули 2012, 10:47
Седма титула за Сем Квери
Вториот носител Сем Квери, ја освои титулата од турнирот во Лос Анџелес (САД) со награден фонд од 638 илјади долари.
Во финалето Квери го декласираше Рикардас Беранкис (Литванија) со 6:0, 6:2 за 51 минути игра. Американецот направи пет брејка и 8 асови. За Квери тоа е седма титула во кариерата и прва за оваа година.