Rss feed

Тенис

сабота, 28 јули 2012, 23:22

Хасе ја одбрани титулата во Кицбил

Хасе ја одбрани титулата во Кицбил
Холанѓанецот Робин Хасе ја одбрани титулата на турнирот во Кицбил со награден фонд од 410 илјади евра. Во финалето Хасе го победи првиот носител на турнирот, Филип Колшрајбер со 6:7 (2), 6:3, 6:2.

Средбата беше прекината за околу еден час поради дожд при резултат 1:1 во вториот сет.

За холанѓанецот тоа е втора титула во кариерата.

Колшрајбер кој губи трето финале од вкупно седум во кариерата, ќе се искачи до топ 20 на светската ранг-листа во понеделник.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.