Rss feed

Тенис

понеделник, 20 февруари 2012, 14:40

Телото на Новак Ѓоковиќ чини 100 милиони долари

Телото на Новак Ѓоковиќ чини 100 милиони долари
Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ од ден на ден станува се поскап и поскап ... во буквална и индиректна смисла.

Тоа се докажува и на теренот и надвор од него. Може да звучи неверојатно, но Ноле има и буквално вредност, која се изразува во милиони долари.

Телото на српскиот тенисер чини цели 100 милиони долари. Тоа е честа појава меѓу светски личности, откако најчесто тие "заштитуваат" како осигурување само одделни делови од своите тела, а најчесто трансакциите се случуваат во британската осигурителна компанија "Лоидс".

Иако се знае вкупната цена, сепак не може да се утврди колку точно чини десната рака, рамо или грбот на Ѓоковиќ, но ако решиме да претпоставуваме, сигурно ќе дојдеме до заклучок дека чини многу.

"Кога се осигурувате, најверојатно надлежните луѓе од осигурителната компанија вклучиле многу фактори - од годишна добивка, до годините што му остануваат на теренот и денот кога ќе наполни 33 години", изјави портпаролот на британската компанија Том Фокстон.

Пред една недела тенисерот беше удостоен со највисокото признание во Србија. Лидерот во светската АТП листа лично од претседателот Борис Тадиќ ја доби ѕвездата на српската династија Караѓорѓевиќ.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.