понеделник, 20 февруари 2012, 14:39
Милош Раонич ја одбрани титулата во Сан Хозе
Канаѓанецот Милош Раонич ја одбрани титулата на тенискиот турнирот во Сан Хозе со награден фонд 531.000 долари. Во финалето тој го победи Денис Истомин од Узбекистан со 7:6 (3), 6:2 за 79 минути игра.
Третиот носител на турнирот, Раонич стана првиот тенисер, кој освоил две титули на АТП оваа година по успехот во Мадрас во првата недела на јануари.
Во првиот сет двајцата финалисти одлично сервираа и дојде до тајбрејк во кој Раонич победи со 7:3. Канаѓанецот ги искористи и двете можности за брејк во вториот сет, кој го зеде со 6:2.
Канаѓанецот го заврши турнирот во Сан Хозе со 61 ас, а само еднаш овозможи брејк на сервис во патот кон титулата.