понеделник, 20 февруари 2012, 14:38
Звонарева и Ли На се откажаа од турнирот во Дубаи
Вера Звонарева и Ли На се повлекоа од силниот турнир по тенис за жени во Дубаи (ОАЕ), кој почнува денес. Двете натпреварувачки од топ 10 на ранглистата страдаат од повреди.
Минатата недела Русинката се откажа во натпреварот со Моника Никулеску во Доха поради проблеми со левиот колк.
Прва носителка во Дубаи е шампионка од Отвореното првенство на Австралија и лидерка во светот Викторија Азаренка. Во турнирот ќе учествуваат Каролина Вознјацки и шампионката од Вимблдон и US Open, Петра Квитова како и Саманта Стосур.