понеделник, 20 февруари 2012, 13:25
Надал и Федерер ќе заиграат пред 85 илјади гледачи
Рафаел Надал и Роџер Федерер планираат спектакуларен настан. Двајцата треба да ги измерат силите во добротворниот натпревар, кој ќе го собори рекордот по посетеност на натпревар во тенис. Настанот ќе се одржи на стадионот Сантијаго Бернабеу во Мадрид.
Носителите на голем број титули од Гренд Слем, ќе играат директно на тревата и се очекува нивната средба да се оддржи помеѓу Вимблдон и Олимпијадата во Лондон - 8 до 27 јули.
Најпосетениот натпревар досега бил во 2010 година. Тогаш Серена Вилијамс и Ким Клајстерс играа пред 35 илјади лица. Капацитетот на стадионот на Реал Мадрид е нешто над 85 илјади и се очекува сите билети за дуелот меѓу Федекс и Рафа да бидат продадени.
Фондацијата на тенисерите поддржуваат различни иницијативи, а двајцата често играат добротворни натпревари еден против друг.