понеделник, 20 февруари 2012, 13:14
Азаренка ја декласираше Стосур во финалето во Доха
Викторија Азаренка ја продолжи победничката серија оваа сезона освојувајќи го турнирот во Доха по убедливата победа во финалето над австралијката Саманта Стосур со 6:1, 6:2.
Лидерката на светската ВТА листа, која имаше мала повреда на глуждот, ги надмина болките и се претстави на високо ниво во финалната средба.
Азаренка направи два брејка на сервис на Стосур и поведе со 4:1, по што затвори првиот сет со 6:1. Сценариото се повтори и во вториот сет, во кој натпреварувачка од Белорусија поведе во првите три гејма и не и даде на австралијката да ја врати неизвесноста во натпреварот, на тој начин освојувајќи го и вториот сет со 6:2.
Победата во финалето во Доха е 17-та последователна за Азаренка, а титулата е прва откако стана број 1 во ранглистата по триумфот на Отвореното првенство на Австралија.