Rss feed

Тенис

петок, 17 февруари 2012, 15:58

Петра Квитова со неочекуван партнер на Олимпијадата

Петра Квитова со неочекуван партнер на Олимпијадата
Шампионка од Вимблдон, Петра Квитова направи изненадувачки избор за партнер на Олимпијадата во Лондон. Чехињата ќе биде партнер со Радек Степанек, а не со Томаш Бердих, како што се очекуваше. Степанек ја освои титулата на парови од Отвореното првенство на Австралија заедно со Леандер Паес (Индија).

"Размислував за партнерство со Томаш, но го избрав Радек, затоа што има повеќе искуство во двојки и ќе биде лидер", објави Квитова. Како што е познато, таа победи на турнирот во мешани двојки на "Хопман Купот" во јануари заедно со Бердих.

26-годишниот Бердих и 33-годишниот Степанек одамна најавија дека ќе играат на Олимпијадата заедно на турнирот кај машките парови.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.