Rss feed

Тенис

понеделник, 13 февруари 2012, 13:34

Французите подобри од Канада во Дејвис Купот

Французите подобри од Канада во Дејвис Купот
На средбите од првиот круг на светската група во Дејвис Купот, неофицијалното светско тимско првенство во тенис, Франција ја победи Канада со 4:1 како гостин и се пласираше во четвртфиналето на турнирот.

Во последните два натпревари во сингл Жо-Вилфред Цонга го совлада Франк Данчевич со 6:4, 6:4, 6:1, а Гаел Монфис го победи Вашек Поспишил со 6:4, 6:4. Во четвртфиналето во април Франција ќе биде домаќин на САД. Останатите четвртфинални парови се Шпанија - Австрија, Чешка - Србија и Хрватска - Аргентина.

Еве ги резултатите од дуелот кој се играше во Ванкувер:

Жо-Вилфред Цонга - Франк Данчевич - 6:4, 6:4, 6:1
Гаел Монфис - Вашек Поспишил - 6:4, 6:4

Жо-Вилфред Цонга - Вашек Поспишил - 6:1, 6:3, 6:4
Милош Раонич - Џулиен Бенето - 6:2, 6:4, 7:5

Џулиен Бенето / Мишел Лодра - Даниел Нестор / Милош Раонич - 7:6 (1), 7:6 (2), 6:3



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.