Rss feed

Тенис

понеделник, 13 февруари 2012, 13:30

Кербер најдобра во Париз

Кербер најдобра во Париз
Деветтата носителка, Анџелик Кербер ја освои титулата на силниот тениски турнир во Париз со награден фонд од 637.000 долари.

Во финалето 24-годишната Германка ја победи втората носителка на турниорт, Французинката Марион Бартоли со 7:6, 5:7, 6:3.

Така Кербер стана втората Германка која го освоила трофејот во француската престолнина. За прв пат тоа го направи легендарната Штефи Граф во 1995 година.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.