недела, 12 февруари 2012, 18:43
Австрија и Хрватска се пласираа во четврт-финалето во Дејвис Купот
Австрија има недостижна предност против Русија со 3:1 во победи и се пласираше во четвртфиналето на Дејвис Купот.
Во решавачкиот сингл денес, Јирген Мелцер го победи Алекс Богомолов Јуниор со 6:2, 6:4, 6:1.
Така Австрија се пласира во четвртфиналето на турнирот за прв пат од 1995 година.
Во четвртфиналето во април Австрија ќе игра со шампионот Шпанија. Двократниот шампион Русија отпадна во првиот круг на турнирот втора година по ред.
Претходно денеска Хрватска со 3:2 издвојува победа над Јапонија и се пласираше во четвртфиналето во Светската група на Дејвис Купот, неофицијалното светско тимско првенство во тенис за мажи.
Иво Карловиќ го победи Соеда со 7:6 (4), 6:1, 6:4 во решавачкиот петти натпревар.
Хрватите имаа предност со 2:1 успехот по првите три средби од петокот и саботата, но денес Кеј Нишикори го израмни резултатот по победата со 7:5, 7:6 (4), 6:3 против Иван Додиг.
Во последниот сингл сепак Карловиќ нанижа 17 асови, а Соеда не успеа да најде против игра на моќните сервиси на 208-сантиметри високиот ривал.
За место во полуфиналето Хрватска ќе гостува кај вицешампион од минатата година Аргентина од 6 до 8 април.