Rss feed

Тенис

недела, 12 февруари 2012, 18:36

Даниела Хантухова триумфираше во Патаја Сити

Даниела Хантухова триумфираше во Патаја Сити
Даниела Хантухова втора година по ред ја освои титулата од турнирот во Патаја Сити со награден фонд 220 илјади долари.

Третата носителка на турнирот, ја победи Русинката Марија Кириленко со 6:7 (4), 6:3, 6:3 за 3 часа и 14 минути игра.

Хантухова успеа да реализира пет брејка на натпреварот, а допушти само два. Откако го загуби првиот сет по тајбрејк, Хантухова немаше проблеми во наредните два сета.

За Хантухова тоа е петта титула во кариерата и петта победа во седум натпревари против Кириленко. Русинката пак не успеа да дојде до првиот трофеј во последните 16 месеци.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.