Rss feed

Тенис

сабота, 11 февруари 2012, 19:09

Шпанија, Чешка и Аргентина четврт-финалисти во Дејвис Купот

Шпанија, Чешка и Аргентина четврт-финалисти во Дејвис Купот
Шпанија, Чешка и Аргентина се пласираа во четвртфиналето во тимскиот тениски турнир за мажи - Дејвис Купот.

Шпанците поведоа дома против Казахстан со 3:0 во победи, откако во натпреварот на парови Марсел Гранојерс и Марк Лопез ги победија против Евгениј Королев и Јуриј Шукин со 6:2, 6:3, 6:1.

Чесите исто така водат како домаќини против Италија со 3:0. Томаш Бердих и Радек Степанек отоврија со победи против Даниеле Брачиали и Поти Стараче со 6:3, 6:4, 6:2.

Аргентина има предност од 3:0 откако ги победи како гостин Германците и се пласираше во 1/4-финалето. На средбата на парови Едуардо Шванк и Давид Налбандијан победија со 3:6, 4:6, 6:4, 6:3, 6:4 против Томи Хаас и Филип Печнер.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.