сабота, 11 февруари 2012, 16:44
Надал утринава поминал изненадувачки допинг тест
Рафаел Надал е поминал изненадувачки допинг тест во саботата наутро. Тоа се случи на крајот од неделата во која шпанскиот тенисер беше во центарот на забавен клип за допинг емитуван на француска телевизија.
"8:30 наутро е! Само што дадов изненадувачки допинг тест. Тоа можеби е очекувано по сето она што се случуваше оваа недела. Мило ми е што се случи така", напиша Надал на личниот профил на социјалната мрежа Твитер.