сабота, 11 февруари 2012, 11:00
Иснер го изненади Федерер во натпревар од Дејвис купот
Џон Иснер приреди изненадување и го совлада Роџер Федерер во четири сета, што им овозможи на САД да поведат против Швајцарија со 2:0 во натпревар од Дејвис купот.
Иснер победи со 4:6, 6:3, 7:6, 6:2 и стави крај на серијата на Федерер од 15 последователни натпревари без пораз во репрезентацијата.
Американецот ги загуби претходните два натпревари со Швајцарецот, како и двете средби кои беа на цврсти терени. Овој пат дуелот се играше на земја во Фрибург.
"Ова е една од најголемите победи во мојата кариера. Грешка, тоа е најголемиот успех во мојот живот", изјави Иснер по средбата што траеше 2 часа и 39 минути.
Пред тоа Марди Фиш го победи Станислас Вавринка со 6:2, 4:6, 4:6, 6:7, 9:7. Швајцарија се обидува да се пласира во четвртфиналето на Купот Дејвис за прв пат од 2004 година.