Rss feed

Тенис

петок, 10 февруари 2012, 22:02

Изненадувачки пораз на Шарапова во Париз

Изненадувачки пораз на Шарапова во Париз
Светската тенисерка број 3, Марија Шарапова допушти изненадувачки пораз со 4:6, 4:6 од Германката Анџелик Кербер во четвртфиналето на турнирот во Париз.
 
Првата носителка на турнирот, прва направи брејк и во двата сета, но не успеа да ги искористи своите можности. Натпреварот заврши кога ја испрати топката во аут од форхенд.
 
Кербер, број 27 во светот, ќе игра во полуфиналето против победничката од натпреварот помеѓу Мона Бартел (Германија) и Јанина Викмаер (Белгија).



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.