петок, 10 февруари 2012, 18:29
Мартина Хингинс го одби Роџер Федерер
Една од поинтересните комбинации во мешаните тениски двојки на Олимписките игри во Лондон требаше да биде онаа на Швајцарија, Роџер Федерер и Мартина Хингинс, но за жал нема да ги гледаме заедно во акција, бидејќи Хингинс го одбила повикот на Федерер.
“Во телефонски разговор ми кажа дека нема да игра. Ми кажа да се концентрирам на сингл делот на турнирот и на машки двојки. Реков во ред. На неа очигледно и е убаво во пензија, на мене ми е убаво на терените и тоа е тоа“.
Федерер призна дека не ни знаел дека на ОИ се игра турнир во мешани двојки.
“Искрено, порано не ни знаев дека се игра во мешани двојки. Идејата да играм со Мартина беше извонредна. таа е година дена постара од мене и од неа научив некои работи, поготово кога се работи за победничкиот менталитет на терените. Беше извонредна, вистински победник. И всушност она беше единствената со која можам да се замислам да играм на ваков тип на турнир“, изјави Роџер.
“Олимписките игри за мене ќе бидат голем мотив. Тоа е големо натпреварување со посебна атмосфера“, заврши најдобриот тенисер на сите времиња.