четврток, 09 февруари 2012, 21:13
Фернандо Гонзалес стави крај на кариерата
Чилеанскиот тенисер, Фернандо Гонзалес стави крај на својата професионална кариера. 31-годишниот тенисер се повлекува по серијата повреди кои не му дозволуваат да игра константно веќе една и пол година. Познатиот Чилеанец со еден од најмоќните форхенди ја објави веста на прес-конференција.
Неговиот последен турнир ќе биде Мастерсот во Мајами во март. Гонзалес го избрал него за да каже "Збогум", бидејќи таму секогаш добива голема поддршка од своите сонародници.
Во својата кариера тој има 11 титули и стигна до 5-тата позиција на ранглистата. Во 2007 година, Фернандо играше финале на Отвореното првенство на Австралија, а загуби од Роџер Феддерер со 6:7, 4:6, 4:6. Најголемите успеси ги има на Олимписките игри. Гонзалес осови златен медал на двојки со Николас Масу од Игрите во Атина, а зема бронза во сингл. Во Пекинг тој го освои сребрениот медал, а во финалето беше поразен од Рафаел Надал со 3:6, 6:7, 3:6.
Гонзало има победи над голем број поранешни број 1 тенисер- Лејтон Хјуит, Андре Агаси, Роџер Федерер (додека тие беа лидери во светот), како и Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Енди Родик, Хуан Карлос Фереро, Карлос Моја, Густаво Куертен, Марат Сафин и Пит Сампрас.