четврток, 09 февруари 2012, 15:52
Канал + го исмеваше “допингуваниот“ Надал и шпанските спортисти
Познатата француска телевизиска станица, Канал +, сериозно се замери со Шпанија и нејзините спортисти откако во јавноста пушти тв снимка во која се алудира дека светскиот рекет број 2, Рафаел Надал користи допинг.
Французите ја искористија суспензијата на шпанскиот велосипедист Алберто Контадор, освојувачот на Тур де Франс, за да ги оцрнат и останатите спортисти од Шпанија, пред се тоа го сторија со Надал.
“Шпанските спортисти не победуваат случајно“, гласеше слоганот на францускиот ТВ канал.
Тениската федерација на Шпанија најави тужба поради неприфатливите и штетни инсинуации, како и поради користењето на националните спортски симболи на Шпанија.
“Овој пат навистина претераа“, изјави Хозе луис Ескануела, претседателот на тениската федерација на Шпанија.
Меѓутоа, оваа снимка ниту малку не го допре Надал, нешто што го потврди и неговиот чичко и тренер, Тони Надал.
“Рафа на тоа воопшто не му придаде никакво значење. Тоа е комедија, не се грижи за тоа, не го допре ниту малку“, изјави Тони Надал.
За што се работи погледнете во
видеото!