Rss feed

Тенис

понеделник, 06 февруари 2012, 14:30

Бердих го победи Монфис и го освои турнирот во Монпеље

Бердих го победи Монфис и го освои турнирот во Монпеље
Чешкиот тенисер Томаш Бердих беше најдобар на АТП турнирот во Монпеље, откако во финалето го совлада домашниот тенисер Гаел Монфис со 6:2, 4:6 и 6:3.

Бердих беше поставен како прв носител на турнирот, а со триумфот во Франција стигна до својата седма титула во кариерата.

Последниот турнир Бердих го освои во Пекинг во октомври минатата година,а на Австралија Опен загуби во четвртфиналето од Рафаел Надал.

Тенискиот турнир во Монпеље се играше со вкупен награден фонд од 450.000 евра, а на контото на Бердих ќе отидат 71.900 евра и 250 АТП бодови.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.