вторник, 21 февруари 2012, 22:07
Вардар подобар од Металопластика во СЕХА-лигата
Ракометарите на Вардар во интересен финиш минимално ја совладаа Металопластика на гости со 22-23 ( полувреме 9-11), во 17 - тото коло од Регионалната СЕХА лига. Решавачкиот гол го постигна Стеван Вујовиќ во 59 минута.
За вардарци ова е 13 - та победа и со 41 бод моментално се наоѓаат на чело на табелата. На второ место е хрватски Загреб кој има 38, но и натпревар помалку.
Утре во 17 часот и 55 минути и нашиот втор претставник во ова натпреварување, Металург го има својот натпревар на домашен терен против Борац.
Како и вечерашниот натпревар, така и утрешниот ќе можете да го проследите директно на првиот програмски сервис на Македонската телевизија.