Rss feed

Ракомет

понеделник, 20 февруари 2012, 10:43

Ѓер и Будуќност со максимален учинок во женската ракометна Лига на шампиони

Ѓер и Будуќност со максимален учинок во женската ракометна Лига на шампиони
Екипите на Ѓер и на Будуќност имаат максимален учинок по три одиграни кола во женската ракометна Лига на шампиони, откако синоќа и двете екипи постигнаа победи.

Во групата „1“ во главната фаза Ѓер го победи Ларвик со 31:22, додека Митјиланд беше подобар од Итчако со 23:22.  На табелата Ѓер е прв со 6 бодови, пред Ларвик со 3, Митјиланд има 2, а Итчако само 1 бод.

Во групата „2“ во дербито Будуќност ја победи В‘лчеа на гости со 34:24, додека гостинска победа постигна и Крим против Мец 21:20.

На првата позиција е Будуќност со 6 бодови, пред В‘лчеа со 4, Крим има 2, а Мец е без бодови.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.