Rss feed

Ракомет

петок, 17 февруари 2012, 11:23

Металург победи против Металопластика

Металург победи против Металопластика
Ракометарите на Металург победија на гостувањето кај Металопластика во натпреварот од 14.коло од СЕХА лигата. Дуелот се одигра во Рума, поради техничките проблеми во салата во Шабац. Македонскиот шампион слевеше со 25:17 (10:8).

Најдобар поединец на натпреварот беше голманот на Металург, Дарко Станиќ, кој имаше 14 одбрани, а Металопластика остана на 17 голови. На овој натпревар одмораше Наумче Мојсоски, а по подолг период настапи Митко Стоилов, кој имаше повреда. Најефиккасен кај Металург беше Миладин Козлина со 6 голови.

Ракометарите на Металург денеска од Белград заминуваат за Полска каде в недела го играат натпреварот од 9.коло од Лигата на шампионите со Висла.

Табела: Загреб 38 бодови (15 натпревари), Вардар про 38 (16), Металург 30 (13), Нексе 30 (16), Татран Прешов 28 (12), Борац 23 (15), Ловќен 18 (14), Металопластика 14 (14),...



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.