петок, 17 февруари 2012, 09:30
Лига на шампиони во ракомет: Копер освои бод во Хамбург
Екипата на Копер освои бод на гостувањето во Хамбург во натпреварот од 9.коло од „Ц“ групата и со тоа на едно коло до крајот е блиску до освојување на второто место во групата од Лигата на шампионите во која игра и Металург. Словенечкиот првак Копер одигра 27:27 со водечката екипа во групата „Ц“, Хамбург.
Во вториот натпревар од групата одигран истотака синоќа Констанца загуби на домашен терен од Санкт Петербург со 24:26.
Хамбург остана на чело на табелата со 17 бодови, Копер има 11, Металург е трет со 10, Висла има 7 бодови, Санкт Петербург е претпоследен со 5, а Констанца е последна со 2 бода.
Последниот натпревар од 9.коло од „Ц“ групата се игра в недела, кога македонскиот шампион Металург гостува кај Висла.
Покрај дуелите од „Ц“ групата вчера се одиграа уште два натпревара: Кадетен Шафхаузен – Шамбери 28:24 („А“ група) и Чеховски Медведи – Веспрем 30:26 („Б“ група).