Rss feed

Ракомет

четврток, 16 февруари 2012, 10:05

Металург гостува кај Металопластика во СЕХА лигата

Металург гостува кај Металопластика во СЕХА лигата
Македонскиот ракометен шампион Металург вечерва во 20 часот во Рума игра натпревар од регионалната СЕХА лига. Металург гостува кај поранешниот европски шампион Металопластика.

Победата за Металург е исклучително важна за да се врати во водечката четворка, особено по првиот пораз минатата недела од Нексе. Металург на овој дуел се очекува да настапи во комплетен состав, што значи дека иако доби црвен картон со Нексе, Филип Миркуловски сепак ќе има првао на настап, додека истиот играч утре се враќа за Скопје бидејќи од ЕХФ доби забрана на настап на еден натпревар за црвениот картон на дуелот со Копер во Лигата на шампионите.

По одигрувањето на дуелот со Металопластика, експедицијата на Металург од Белград заминува за Полска, каде в недела во рамките на Лигата на шампионите игра со Висла.

Овој натпревар требаше да се одигра во вторникот, но поради технички проблеми во салата во Шабац, Металопластика македонскиот првак ќе го пречека во Рума.

Табела: Загреб 38 бодови (15 натпревари), Вардар Про 38 (16), Нексе 30 (16), Татран Прешов 28 (14), Металург 27 (12), Борац 23 (15), Ловќен 18 (14), Металопластика 14 (13), Босна 10 (10), Извиѓач 7 (14), Сутјеска 4 (14), Црвена Звезда 3 (13).




 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.