Rss feed

Ракомет

понеделник, 13 февруари 2012, 11:39

Хамбург и Барселона продолжуваат со максимален ефект во Лигата на шампионите

Хамбург и Барселона продолжуваат со максимален ефект во Лигата на шампионите
Водечките екипи во „А“ и во „Ц“ групите во ракометната Лига на шампиони за мажи Барселона и Хамбург, продолжуваат со максимален ефект, откако и во осмото коло постигнаа победи. И двете екипи славеа на гостински терен и со максимални 16 бодови ги очекуваат последните две кола.

Откако во последниот натпревар одигран синоќа, Адемар Леон со 29:28 го совлада Монпеље ги задржа шансите за висок пласман во групата „Д“.

Македонскиот шампион Металург на гостувањето во Копер во саботата одигра нерешено 22:22 и остана на втората позиција на табелата во „Ц“ групата.

Преглед на резултатите од 8.коло: Кадетен Шафхаузен – Босна 43:18, Шамбери – Барселона 19:30 и Савехоф – Загреб 28:25 (А група); Веспрем – Киелце 21:24, Атлетико Мадрид – Силкеборг 31:27 и Берлин – Чеховски Медведи 31:28 („Б“ група); Копер – Металург 22:22, Санкт Петербург – Хамбург 25:36 и Констанца – Висла 19:34 („Ц“ група); Кил – ПИК Сегед 34:24, Копенхаген – Партизан 29:23 и Адемар Леон – Монпеље 29:28.

Табела „А“ група: Барселона 16 бодови, Загреб 12, Савехоф 8, Кадетен Шафхаузен 6, Шамбери 6, Босна 0.

Табела „Б“ група: Атлетико Мадрид 14, Веспрем 10, Берлин 9, Киелце 8, Чеховски Медведи 7, Силкеборг 0.

Табела „Ц“ група: Хамбург 16, Металург 10, Копер 10, Висла 7, Санкт Петербург 3, Констанца 2.

Табела „Д“ група: Кил 13, Копенхаген 12, Адемар Леон 11 Монпеље 8, ПИК Сегед 4, Партизан 0.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.