понеделник, 13 февруари 2012, 10:13
ЖРК Металург со победа ги заврши натпреварите во еврокуповите
Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Металург со победа ги завршија натпреварите во Купот на Куповите откако во реванш осминафиналлето ја совладаа екипата на Лајпциг со 26:23 (10:13 полувреме).
Со вкупен резултат 48:39 Лајпциг избори пласман во следната фаза од натпреварувањето.
Тренерот на ЖРК Металург Крсто Петрушевски поради повреда не можеше да смета на Наташа Младеновска.
Најефикасна во домашниот тим беше Катерина Крпеж со 10 голови, додека кај Лајпциг ист број голови постигна Каролина Кудлач.
Вчера беа одиграни и натпреварите од 2.коло од Лигата на шампионите за ракометраки.
Во групата „1“: Ѓер – Митјиланд 35:27 и Ларвик – Итчако 23:23.
На чело на табелата е Ѓер со 4 бодови, пред Ларвик со 3, Итчако има 1 бод, а без бод е Митјиланд.
Во групата „2“ две убедливи победи на домашните екипи: В‘лчеа – Мец 30:21 и Будуќност – Крим 29:21.
Со по четири бодови на водечките две позиции во оваа група се В‘лчеа и Будуќност, додека без бодови се Мец и Крим.