Rss feed

Ракомет

недела, 12 февруари 2012, 11:13

ЖРК Металург домаќин на Лајпциг во Купот на куповите

ЖРК Металург домаќин на Лајпциг во Купот на куповите
Ракометарките на македонскиот шампион Металург попладнево во 17 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје во рамките на реванш осминафиналето играат со германската екипа Лајпциг.

Тимот од Германија вчера пристигна во Скопје и на реваншот ќе стартува со огромна предност од првиот натпревар, кој го доби со 25:13.

Покрај високата предност на противничките тренерот на ЖРК Металург, Крсто Петрушевски има проблеми со составот. На недоволно опоравената Мирјета Бајрамовска и се приклучи Наташа Младеновска, која има скршеница на прст на десната нога.




 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.