Rss feed

Ракомет

сабота, 11 февруари 2012, 21:10

Металург ремизираше со Копер

Металург ремизираше со Копер
Ракометарите на македонскиот шампион Металург, во рамките на 8.коло, во Ц групата, во Лигата на шампиони, одигра нерешено 28:28 со Цимос Копер.

Освоениот бод е голем за Металург, бидејќи во последните пет минути нашите ракометари влегоа со негатива од три гола 22:19.

На крајот, во последните напади и двата тима имаа можност за победа, но ударите на Георгиевски, а потоа и на Кривокапиќ завршија во стативите.

Инаку, Металург речиси 45 минути го контролираше натпреварот, најмногу благодарение на брилијантниот Дарко Станиќ, кој повторно ја „спушти ролетната“. Најдобриот голман од Европското првенство натпреварот го заврши со 18 одбрани, од кои 13 во првото полувреме.

Што се однесува до листата на стрелците кај Металург, Марковиќ постигна 6, Козлина 4, Алушовски 3 гола, Копер го предводеа Бомбач со 7 и Кривокапиќ со 5 гола.

По оваа рунда о Ц групата, Металург ќе остане на второто место на табелата со 10 бода, колку што има и третипласираниот Копер.

Металург во следното коло ќе и гостува на Висла.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.