сабота, 11 февруари 2012, 11:26
Металург против Копер за второто место во групата од ЛШ
Ракометарите на македонскиот шампион Металург вечерва (18 часот) го играат натпреварот од 8.коло од Лигата на шампионите.
Противник и домаќин на Металург е словенечкиот тим Копер. Директниот пренос е на ТВ Сител 3 со почеток во 18:00 часот.
Ова воедно е и директен дуел на двата тима кои конкурираат за второто место во „Ц“ групата.
Металург ќе настапи ослабен во овој натпревар бидејќи поради повредата добиена на последниот дуел од СЕХА лигата Младен Ракчевиќ нема да биде во составот.
Во вторникот Металург во Нашице го доживеја првиот пораз во СЕХА лигата од Нексе, а со цел подобро да се подготват играчите изминативе денови во Пореч тренираа во пресрет за дуелот со Копер.
Во четвртокот се одиграа три натпревари од 8.коло, а постигнати беа овие резултати: Констанца – Висла 19:34 („Ц“ група), Кадетен Шафхаузен – Босна 43:18 („А“ група) и Кил - ПИК Сегед 34:24 („Д“ група).
Другите натпревари се играат во текот на викендов.
Покрај дуелот Копер - Металург во „Ц“ групата играат и Санкт Петербург - Хамбург в недела.
Во другите групи двојките се: Шамбери - Барселона , Савехоф - Загреб („А“ група); Веспрем - Киелце, Атлетико Мадрид - Силкеборг, Берлин - Чеховски Медведи („Б“ група); Копенхаген - Партизан и Адемар Леон - Монпеље („Д“ група).
Преглед на табелите:
„А“ група: Барселона 14 бодови, Загреб 12, Шамбери 6, Савехоф 6, Кадетен Шафхаузен 6, Босна 0.
„Б“ група: Атлетико Мадрид 12, Веспрем 10, Чеховски Медведи 7, Берлин 7, Киелце 6, Силкеборг 0.
„Ц“ група: Хамбург 14, Металург 9, Копер 9, Висла 7, Санкт Петербург 3, Констанца 2.
„Д“ група: Кил 13, Копенхаген 10, Адемар Леон 9, Монпеље 8, ПИК Сегед 4, Партизан 0.