четврток, 09 февруари 2012, 15:41
Кире Лазаров најдобар според навивачите
Македонскиот ракометар Кире Лазаров е избран за најдобар играч на Европското првенство кое минатиот месец се играше во Србија.
Гласањето го организираше порталот "Handball-Planet.com", а повеќе од 10.000 навивачи сметаат дека Кире бил најдобар.
Лазаров на ЕП постигна 61 гол и на тој начин стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување. Тој доби 63% од гласовите, на второто место се пласираше Унгарецот Габор Чашар во 17%, додека голманот на Србија и на скопски Металург, Дарко Станиќ остана трет со освоени 13.5% од гласовите.