Rss feed

Останати Спортови

понеделник, 30 јули 2012, 10:40

Мото GP: Стонер триумфираше во трката за Големата награда на САД

Мото GP: Стонер триумфираше во трката за Големата награда на САД
26-годишниот Австралиец останува 3-ти во генералниот пласман на 9 поени од Дани Педроса (Шпанија) и 32 поени од лидерот Хорхе Лоренцо (Шпанија).

На Лагуна Сека, Стонер заврши со време 43:45.961 минути, на 2-то место на 3.429 секунди заврши Хорхе Лоренцо со Јамаха. Трети се нареди Дани Педроса.

Стонер ја постигна четвртата победа од почетокот на сезоната. Надвор од првите тројца, кои се и претенденти за титулата, добро возење оствари и Италијанецот Андреа Довициозо, кој заврши 4-ти на 18 секунди од Стонер.

Познатата патека која изобилува тешки делови, Лагуна Сека беше причина две од најголемите ѕвезди да завршат со натпреварување доста порано. Легендата Валентино Роси падна по 29-тиот извозен круг, но за радост немаше никакви повреди. Американецот Бен Спис исто така падна, 11 круга пред крајот, но немаше изгледи за сериозни последици по падот.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.