Rss feed

Останати Спортови

вторник, 21 февруари 2012, 19:10

Јарно Трули одбил понуда од Ферари

Јарно Трули одбил понуда од Ферари
Пилотот Јарно Трули откри дека имал понуда да вози за Ферари, додека сеуште се натпреварувал за тимот на Тојота во Формула 1.

Италијанскиот ветеран, чија кариера започна во 1997 година со тимот на Минарди, нема да учествува во трките во новата сезона, откако го загуби своето место во Катерам.

Трули, кој има една победа со тимот на Рено, возеше за Тојота од 2004 година до 2009 година, кога премина во Лотус (сега Катерхам).

Во интервју за списанието "Аутоспринт" пилотот од Пескара призна дека поранешниот шеф на Скудерија, Жан Тод му предложил да се натпреварува за италијанскиот тим, но Трули одбил поради долгорочниот договор со Тојота. Поранешниот колега на Фернандо Алонсо во Рено не ја споменува точната година на предлогот, но вели дека барем за кратко се почувствувал како возач на Ферари.

"Никој не знае за тоа, но во оваа фаза можам да кажам јавно дека Жан Тод беше еден од ретките врвни менаџери кои ме сакаа во тимовите, додека сеуште се натпреварував. Тој ми предложи место во Ферари", рече Трули. "Нема да дефинирам кога. Само ќе споменам дека во тоа време возев за Тојота и се справував доста добро. Исто така, имав потпишано долгорочен договор со Јапонците, а во кариерата секогаш сум се однесувал сериозно кон своите обврски. За 15 години во Формула 1 никогаш сум немал потреба од адвокати".

"Му благодарам на Тод не само затоа што ми предложи да се натпреварувам за Ферари, можност која за жал мораше да ја откажам, но и за секој пат кога сум барал за совет и секогаш сум добивал пријателска врска за возврат. Тој секогаш бил искрен со мене", додаде Трули.

"Иако работите се развиваа на тој начин, барем за момент се почувствував како возач на Ферари."

Во интервјуто Трули зборува многу и за тимот на Тојота, за кој тој се натпреваруваше 5 години.
"За мене Тојота останува нецелосна мисија", вели Италијанецот. "Со нив почнав по навистина одличен начин, макар и само со привремена улога во тимот. Во 2005 година за време на второто натпреварување од календарот јас стигнав до подиумот, кој беше прв за тимот, а во првата половина на сезоната бев втор на табелата зад Алонсо".

"И покрај се, на нас ни недостигаше капацитет за развој, кој беше достигнат премногу доцна. Затоа и изгубивме тло под нозете. Во 2009 година направив сé што можев за да победам во трка, но поради ред причини не успеавме. Откако не победивме во Формула 1, ќе биде одлично да постигнам победа за нив во трка во други серии", заврши Италијанецот.

По излегувањето од Формула 1 оваа година Тојота се враќа во Ле Ман со LMP1 програма.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.