Rss feed

Останати Спортови

вторник, 21 февруари 2012, 15:34

Вурц се врати во Формула 1

Вурц се врати во Формула 1
Александар Вурц се врати во Формула 1. Поранешниот австриски натпреварувач ќе им биде ментор на младите пилоти на Вилијамс.

Вурц за последен патсе натпреваруваше за тимот од Гроув во 2007 година, но уште од денеска во Барселона ќе ги обнови своите професионални односи со Британците.

Од Вилијамс излегоа со официјално соопштение со кое информираат дека Алекс ќе има обврска во сезоната да патува со тимот и да им помага на двајцата носители пилоти Пастор Малдонадо и Бруно Сена.

"Ова е одлична иницијатива на Вилијамс и ја демонстрира посветеноста на тимот и неговата желба да ги оптимизира настапите. Од 12-годишен се натпреварувам во различни првенства и сум стекнал големо искуство. Сакам да им помагам на младите. Се надевам дека ќе можам успешно да им спроведам се што знам на Пастор и Бруно", коментираше Вурц.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.