Rss feed

Останати Спортови

вторник, 21 февруари 2012, 15:13

Мерцедес конечно го покажа болидот за претстојната сезона

Мерцедес конечно го покажа болидот за претстојната сезона
По долгото криење на болидот за новата сезона, тимот на Мерцедес конечно ја покажа машината на која ќе се потпира во новата сезона во Формула 1. Болидот е крстен W03, а за прв пат беше тестиран во минатата недела на Силверстоун. Во неделата, пак, имаше тест во Барселона.

За разлика од своите основни конкуренти Ред Бул, Мекларен и Ферари, кои ги покажаа болидите пред две недели во Херес, Мерцедес се забави. Тоа значи дека тимот ќе има само девет дена за да ја тестира машината.

На тимот на Мерцедес се приклучија поранешниот технички директор на Ферари, Алдо Коста и Геоф Вилис, кој работел за Вилијамс, Хонда и Ред Бул.

Пилоти на тимот ќе бидат легендарниот Михаел Шумахер и Нико Розберг. По две четврти места на табелата во конструкторите, шефот на тимот Рос Браун, се надева на нешто повеќе во оваа кампања.

"Одиме понатаму. Никој од нас не е среќен од четвртото место. Убеден сум дека со силата, ресурсите и овој тим, можеме да ја постигнеме целта. Дефинитивно сме подготвени да се бориме за подиуми", изјави Браун.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.