Rss feed

Останати Спортови

вторник, 21 февруари 2012, 14:23

Примислав Димовски на подготовки во Велика Британија

Примислав Димовски на подготовки во Велика Британија
Македонскиот боксер Примислав Димовски со помош на Македонскиот олимписки комитет (МОК) се наоѓа на подготовки во Кардиф, Велс.

Тој до 10 март ќе се подготвува во кампот на светската боксерска федерација со најдобрите светски боксери, користејќи ги искуствата на најдобрите светски тренери.

Ова е дел од зацртаната Олимписка програма “Патот до Лондон“ како и дел од планот на МОК за обезбедување на норма за учество на Олимписките игри.

Во овој период, од страна на МОК, Примислав доби и неопходна логистичка и финансиска помош, соодветна здравствена нега, дополнителна исхрана и соодветна витаминизација.

- Привилегија е да се биде дел од оваа програма и дел од светскиот боксерски камп, но привилегија е и да се биде дел од новата реорганизирана работа на МОК кој води целосна грижа за најдобрите спортисти во Македонија по терк на најдобрите олимписки комитети во светот. Верувам дека мојата повреда е минато и дека со овие подготовки ќе успеам да обезбедам прво учество на еден македонски боксер на Олимписките игри, изјави Димовски.

Македонија од своето осамостојување сеуште нема боксер кој изборил норма за учество на Олимписките игри.




 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.