Rss feed

Останати Спортови

понеделник, 20 февруари 2012, 18:49

Серхио Перез може да премине во Ферари, вели неговиот спонзор Слим

Серхио Перез може да премине во Ферари, вели неговиот спонзор Слим
Пилотот на Заубер, Серхио Перез може да го замени Фелипе Маса во Ферари од 2013 година, ако го покаже потребниот потенцијал оваа сезона, убеден е неговиот главен спонзор и претседател на телекомуникацискиот гигант "Телмекс", Карлос Слим Доми.

Бразилецот се претставува неубедливо во последните две сезони во Формула 1, а договорот му истекува на крајот на годината. Перес, кој е кадар на Академијата за пилоти на Скудерија, е поставен меѓу фаворитите за тимски колега на Фернандо Алонсо за следната година.

22-годишниот Мексиканец дебитираше во Формула 1 минатата сезона и заврши на 16-та позиција во крајниот пласман со 14 освоени поени. Според Карлос Слим Доми пилотот може да премине во тимот од Маранело во 2013 година.

"Најголемиот предизвик за Серхио ќе биде оваа сезона", коментираше за шпанскиот весник "АС" членот на Сенатот на ФИА и син на најбогатиот човек во светот - Карлос Слим.

"Имаме односи со Ферари на две нивоа - како снабдувач на мотори за Заубер и околу учеството на Серхио во нивната академија за пилоти. Добро претставување во сезоната може да го внесе во најдобрите тимови, но слаба сезона ќе има обратен ефект. Тоа е тежок спорт во кој резултатите се важни. Иднината ќе покаже ", додаде Слим.

Меѓу кандидатите за местото на Маса во Ферари се смета пилотот на Ред бул, Марк Вебер, а во нив спаѓа дури и Луис Хамилтон од Мекларен.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.