понеделник, 20 февруари 2012, 17:23
На Чисора и Хеј им се заканува затворска казна по меѓусебната тепачка во Минхен
Британскиот професионален боксер во тешка категорија Дерек Чисора може да биде доживотно дисквалификуван за тепачка со Дејвид Хеј на прес-конференцијата по натпреварот на Чисора со светскиот шампион Виталиј Кличко во саботата вечер во салата "Олимпија" во Минхен.
Во интервју за BBC, генералниот секретар на британскиот совет за контрола на бокс Роберт Смит рече: "Чисора може да биде дисквалификуван доживотно. Засега нема донесено решение, но ние имаме неколку начини да го казниме - можеме да го казниме парично, да му ја земеме времено или трајно неговата лиценца".
Поради тепачка во прес-центарот на сала "Олимпија" во Минхен двајцата британски професионални боксери Дерек Чисора и Дејвид Хеј може да добијат и затворска казна.
Чисора е осомничен за "намерно нанесување на повреда" (парична казна или затвор до пет години).
Дејвид Хеј е осомничен за "нанесување на тешки телесни повреди" (затвор од 6 месеци до 10 години).