понеделник, 20 февруари 2012, 14:36
Мерцедес организира приватен тест на новиот W03
Мерцедес организира еднодневен приватен тест за болидот за новата сезона - MGP W03. Тестот беше во Барселона, каде што утре почнуваат вторите предсезонските тестирања на тимовите од Формула 1.
Официјалното претставување на автомобилот е токму пред почетокот на тестирањата, во питлејнот на патеката "Каталонија".
И двајцата пилоти на тимот Нико Розберг и Михаел Шумахер учествуваа во тестот, откако заедно извозеа над 300 километри.
Досега Мерцедес работеа со минатогодишниот болид со нови конфигурации и компоненти, но од утре ќе се трудат само околу новиот болид.