Rss feed

Останати Спортови

понеделник, 20 февруари 2012, 12:43

Виталиј Кличко го победи Дерек Чисора и ја задржа титулата

Виталиј Кличко го победи Дерек Чисора и ја задржа титулата
Украинецот Виталиј Кличко ја задржи титулата во тешката категорија во WBC серијата по победата на поени над Британецот Дерек Чисора во минхенскиот "Олимпиахале".

40-годишниот “кошмар“ ја заштити круната по 10-ти пат. Тој постигна и личен рекорд од 44 победи и само два порази.

Покрај ветувањата и удрениот шамар кој го доби шампионот, Чисора не направи ништо посебно во мечот и не го спушти Кличко од врвот. "Ќе ја прекинам неговата доминација и ќе предизвикам сериозно изненадување. Ова е крај на Виталиј, ветувам", изјави предизвикувачот за минатата недела.

Ова беше трет пораз во кариерата на Британецот. Чисора сепак е далеку понеискусен од Виталиј. Зад себе има само 16 боксерски мечеви и се чини иднината е пред него.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.