Rss feed

Останати Спортови

недела, 19 февруари 2012, 17:05

Македонија во тешка група на олимписките квалификации во ватерполо

Македонија во тешка група на олимписките квалификации во ватерполо
Македонската ватерполо репрезентација денеска ги доби противниците во групата А за олимписките квалификации кои од 1-ви до 8 април ќе се одржат во Едмонтон, Канада.

Нашата репрезентација немаше среќа во извлекувањето бидејќи за противници доби репрезентации од Европа. Во А групата покрај Македонија се наоѓаат уште Црна Гора, Германија, Грција, Романија и Холандија. Во Б групата се: Венецуела, Турција, Шпанија, Бразил, Аргентина и Канада.

Четирите првопласирани репрезентации од двете групи ќе ги продолжат борбите во четвртфиналето, а четирите најдобропласирани репрезентации (победниците во четвртфиналето) на овие квалификации ќе изборат пласман на Олимписките игри во Лондон.

Македонската ватерполо репрезентација во Едмонтон по вторпат ќе учествува на олимписки квалификации, пред четири години во Орадеа, Романија, нашата репрезентација го освои 8.место.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.