петок, 17 февруари 2012, 19:26
Одлична предигра: Чисора му удри шамар на Кличко!
Во сабота навечер во Минхен, Британецот Чисора и Украинецот Витали Кличко ќе се борат за насловот Светски боксерски шампион во тешка категорија во WBC верзијата, а дуелот имаше неочекувана увертира.
Чисора се појави во марама со британското знаме завиткано околу лицето и се измери пред славниот Витали. Штом Кличко се симна од вагата, Чисора се проби низ гужвата и му се внесе на актуелниот светски шампион во лице. Кога се чинеше дека ова е дел од некаков боксерски ритуал со кој се подигаат тензиите пред мечот, Британецот ја премина границата на добриот вкус и му удри шамар на противникот.
Кличко го оттргна, но не тргна да се пресмета со него. Низ гужвата која настана меѓу нив, со прст му порача на незрелиот Чисора дека се што треба да му покаже, ќе го стори тоа во рингот. Како и многу пати досега. Еве што се случуваше!
Објавено на 18.02.2012, од Христијан
тв пренос
Дали ќе има пренос?