петок, 17 февруари 2012, 16:00
Изненадувачка рокада на пилоти во Ф1 тимот Кетерам
Изненадувачка рокада направи тимот од Формула 1, Кетерам месец дена пред стартот на сезоната. Виталиј Петров го зазема местото на Јарно Трули. Минатата година Русинот возеше за Лотус Рено, но беше ослободен од обврските.
Првично, Кетерам објавија дека ги задржуваат пилотите од последните 2 сезони - Финецот Хеики Ковалаинен и Италијанецот Јарно Трули, но денес беше објавена промената.
"Се радуваме дека Виталиј ќе вози за нашиот тим и се надевам дека тој да ќе ни помогне во следните наши чекори во Формула 1. При првата средба беше јасно дека тој ги разбира и ги дели нашите визии за иднината на тимот. Сакам да му се заблагодарам и на Јарно за улогата што ја одигра во формирањето на тимот. Тој ќе остане засекогаш дел од нашето семејство", изјави директорот на тимот Тони Фернандез.
Тимот, кој во последните две години се викаше Лотус Рејсинг и Тим Лотус е со сопственици од Малезија.