Rss feed

Останати Спортови

петок, 17 февруари 2012, 09:43

Спортски ден со припадниците на АРМ и Министерството за одбрана

Спортски ден со припадниците на АРМ и Министерството за одбрана
По повод 18 февруари-Денот на меѓународните воени спортови, на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје денеска се одржа спортски ден со припадниците на АРМ од гарнизонот Скопје и Министерството за одбрана.

Настанот во организација на Генералштабот на АРМ се одржува шеста година, истовремено во сите гарнизони на АРМ под мотото „Спорт за сите“.

Организирани беа спортски натпревари во крос на 8 километри за мажи и на 4 километри за жени, мал фудбал, кошарка, пинг-понг и шах.

Кросот за припадниците на гарнизонот Скопје се одржа на патеката покрај кејот на реката Вардар, од воениот стадион до хотелот „Александар Палас“ и назад, а останатите спортови во спортската сала на воениот стадион.

Во мај 2005 година, на годишното собрание на Меѓународниот совет за воени спортови (МСВС), Армијата на Република Македонија е примена како 127 членка на МСВС, со што се стекна со право на учество на сите меѓународни спортски натпревари во организација на советот.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.