петок, 17 февруари 2012, 12:06
Македонија ќе учествува на Балканското атлетско првенство во сала
Осум атлетичари од Македонија ќе учествуваат на Балканското првенство во сала што ќе се одржи утре во Истанбул, Турција.
Валбона Селими (60 метри), Дрита Ислами (400 метри), Тања Вељановска (800 метри), Александра Спасеска (сков во далечина и троскок) се четирите атлетичарки кои ќе настапат во неколкуте дисциплини во женска конкуренција.
Во машка конкуренција ќе се натпреваруваат Ристе Ајдаров (60 метри), Кристиан Ефремов (400 метри), Јованче Јанковски (скок во височина) и Марјан Нојковски (ѓуле).
Балканското првенство во сала ќе биде и последна проверка за домаќинот Турција, бидејќи во истата сала од 9 до 11 март оваа година ќе се одржи Светско првенство во атлетика во сала на кое со свој претставник ќе учествува и Атлетската федерација на Македонија.