Rss feed

Останати Спортови

петок, 03 февруари 2012, 20:04

Ферари го покажа новиот болид - онлајн!

Ферари го покажа новиот болид - онлајн!
Скудерија Ферари официјално го претстави новиот болид за сезоната 2012 во Формула 1. Машината на "црните коњчиња" ќе го носи името F2012. Церемонијата беше пренесена на интернет од базата во Маранело, бидејќи првичните планови на Ферари за промоција беа нарушени од лошите временски услови.

Во новиот болид основни корекции има во однос на височината на предниот дел, поставеноста на издувните цевки и електронските картички за управување на моторот.

"Мора да бидеме оптимисти. Должни сме да се бориме за титулата", изјави двократниот светски шампион Фернандо Алонсо. Тимскиот шеф Стефано Доминикели од своја страна го пофали Алонсо за "неверојатната сезона", која ја имал во 2011 година, велејќи дека Ферари е обврзан да ги избрише лошите спомени од минатогодишната кампања.

"Болидот изгледа многу агресивен. Тоа е нешто што беше во моите соништа. Навистина му верувам на тимот", изјави бразилскиот ас Фелипе Маса.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.